Производителите ќе мора да кажат каква храна јадеме

Bez autora
Nov 18 2014

Купувачите, конечно, ќе можат да знаат каква храна јадат. Според најавите од Агенцијата за храна и ветеринарство на сите производи ќе треба јасно да бидат наведени потеклото, нутритивните табели, отстапките во нето тежината и особено алергените, со болдирани или букви во друга боја. На тој начин би требало да биде надмината една од најголемите дилеми и најчестите поплаки на потрошувачите за квалитетот и составот на храната која се нуди на пазарот. Оваа обврска ќе мора да ја воведат сите домашни компании, до 13 декември за храната која ја извезуваат, а до јуни идната година и за производите кои ги пласираат на домашниот пазар. Се работи за најнови препораки од Европската Унија за прецизно означување на производите. Унијата, информира директорот на Агенцијата Зоран Поповски, го измени начинот на означување на храната, со најновата регулатива 1161 која претставува сублимат на досегашните засебни директиви.

Производителите ќе мора да кажат каква храна јадемеКупувачите, конечно, ќе можат да знаат каква храна јадат. Според најавите од Агенцијата за храна и ветеринарство на сите производи ќе треба јасно да бидат наведени потеклото, нутритивните табели, отстапките во нето тежината и особено алергените, со болдирани или букви во друга боја. На тој начин би требало да биде надмината една од најголемите дилеми и најчестите поплаки на потрошувачите за квалитетот и составот на храната која се нуди на пазарот.

Оваа обврска ќе мора да ја воведат сите домашни компании, до 13 декември за храната која ја извезуваат, а до јуни идната година и за производите кои ги пласираат на домашниот пазар.

Се работи за најнови препораки од Европската Унија за прецизно означување на производите. Унијата, информира директорот на Агенцијата Зоран Поповски, го измени начинот на означување на храната, со најновата регулатива 1161 која претставува сублимат на досегашните засебни директиви. Македонија ќе ги следи и спроведе новините преку измени на актуелниот Закон за безбедност на храната.

„Веќе нема да зборуваме за означување на храната, туку за информации, детални, прецизни, конкретни. Измените ќе претставуваат бенефит за двете страни, и за потрошувачите кои ќе имаат можност да прочитаат што точно купуваат и врз основа на тоа да го направат вистинскиот избор, но и за компаниите кои пратично ќе добијат моќна алатка за презентација на своите производи, како и воспоставување фер конкуренција“, нагласи Поповски.

Тој посочи дека сите производители ќе бидат навреме обучени како успешно и полесно да ги имплементираат измените во декларирањето на производите. Ќе биде изготвен и водич со кој производителите точно ќе знаат кои информации за производот ќе треба да им ги понудат на купувачите, согласно со новите правила на ЕУ. Поповски информираше дека секој производител на храна кој нема правилно да ги декларира своите производи може да добие казна предвидена во законот од 3.000 евра за правни лица, 1.000 евра за одговорно лице и 500 евра за физичко лице.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik